english
           дома
За нас     Предмет на работа    Услуги    Ризици    Видови осигурувања    Контакт    Регистар


ЗА ЕУРО ЕКСПЕРТС

Акционерско друштво. Согласно член 148 став 1 од Законот за супервизија на осигурување „Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2002, брокерското друштво за осигурување се основа како АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО со седиште во Република Македонија, со сите карактеристики и елементи на едно акционерско друштво, а според Законот за трговски друштва и Централниот депозитар за хартии од вредност.

Оснивачки капитал. Согласно член 148 став 3 од Законот за супервизија на осигурување „Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2002, оснивачкиот капитал на друштвото е 75.000 ЕУР. Оснивачкиот капитал е чисто македонски, без учество на странски правни или физички лица. Исто така друштвото нема било каква поврзаност со некоја осигурителна компанија.

Менаџмент.
Гоце Атанасов –брокер за осигурување и извршен директор

Дозвола за работа. Врз основа на член 202 и член 203 став 3, а во врска со член 145 став 1 од Законот за супервизија на осигурување „Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2002, министерот за финансии донесе РЕШЕНИЕ со кое се издава ДОЗВОЛА за вршење на осигурително брокерски работи на Акционерско осигурително брокерско друштво ЕУРО ЕКСПЕРТС СКОПЈЕ, заведено под бр.18-27949/3-02 од 28.02.2003 год.

Регистрација во Суд. Регистрирано во Основен Суд Скопје 1 на 04.04.2003год. бр.на рег.влошка 02049146?-4-09-000, со ознака и бр. на решението трег.5203/2002.

Лиценци. Лиценци за осигурителни брокери издава Министерството за финансии, а условите и начинот на кој се издаваат, се регулира со Законот за супервизија на осигурување бр.27/2002.

Нормативни уредби. За сите правни и физички лица во РМ, од посебно значење од Законот за супервизија на осигурување (бр.27/2002) се:
          Член 136
(1)Осигурително брокерски работи може да врши осигурителен брокер кој е во работен однос во осигурително брокерско друштво
(2)Ниту едно лице, освен оние од став (1) не може да ги врши осигурително брокерските работи;
          Член 143
Осигурителениот брокер посредува при склучување на договори за осигурување исклучиво со друштва за осигурување основани согласно овој закон;
          Член 144
Друштвата за осигурување склучуваат договори за вршење на осигурително брокерски работи исклучиво со осигурителни брокерски друштва основани согласно овој закон;