english
           дома
За нас     Предмет на работа    Услуги    Ризици    Видови осигурувања    Контакт    Регистар

Напомена: Објаснувањата за ризиците се во контекс на областа осигурување

Пожар - се смета оган појавен надвор од определено огниште или оган кој го напуштил ова место и е способен понатаму да се развива со својата сопствена сила.
Удар на гром - дејство на громот со сила и топлина, како и удар на предмети соборени од гром

Експлозија - ненадејно пројавување на сила, заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување (исклучок експлозија од нуклеарна енергија).

Поплава - стихиско неочекувано плавење на терен од постојани води (реки, езера и др.) заради тоа што водата се излила од коритото или го пробила одбрамбениот насип или брана, или од надоаѓање на вода од вештачки езера.

Порој - стихиско неочекувано плавење на теренот со водена маса што се образува на низбрдни терени поради силни атмосверски врнежи и се слива низ улици и патишта.

Високи води - исклучива појава на невообичаен пораст на водостојот (над однапред утврдени месечни коти) и подземна вода како последица од висока вода.

Луња - се смета ветер со брзина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км. на час, или повеќе.

Град - штетите што ќе ги предизвика со својот удар, како и штетите од навлегување на град и дожд низ отвори настанати од паѓање на град.

Лизгање на земјиште - се сметаат ненадејни движења на земјината површина на коси терени со јасни манифестации на расцепување на површината на земјиштето кое со појава на деформации и пукнатини на градежните објекти, настануваат во краток временски период.

Одронување на земјиштето - се смета откинување и паѓање на материјалот како геолошка појава, или во врска со лизгањето на теренот.

Слегнување на земјиште - се смета ненадејно вертикално движење на земјишното тло- улегнување како геолошка и ходролошка појава.

Снежна лавина - се смета снежна маса во движење која се откинала од планинските страни.
Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација - се смата неочекувано излевање на вода од водоводни и одводни инсталации, како и уреди за греење со топла вода и парно греење и други уреди и апарати што се приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување или откажување на уредите за управување и сигурност на тие уреди и апарати.

Паѓање на воздушно летало - се смета со непосреден удар на воздушното летало или од неговите делови, како и од предмети од воздушното летало.

Манифестации и демонстрации - се смета организирано или спонтано јавно покажување на нерасположение на група граѓани, што ќе доведе до: рушење, демолирање, разбивање, палење и др.

Самозапалување на залихи - се смета физичко-хемиски и биолошки процес на преоѓање на материјата од цврста состојба во состојба на пепел или прав, без влијание на надворешни извори на пламен или висока температура.

Удар на сопствено мот.возило и подвижна работна машина во осигурен градежен објект - се опфатени штети на осигурените градежни објекти, како и на други осигурени предмети кои би се оштетиле како последица на рушење на градежниот објект или дел од него.

Удар на непознато моторно возило во осигурен градежен објект- исто од предходното .

Лекажа (истекување на течности) - се смета истекување на осигурени течности односно гасови, од неподвижни садови- цистерни, цевководи и сл. ако течноста истече поради ненадејно прскање на садот или неочекувано расипување на вградените уреди за испуштање и преточување на течности.

Провална кражба - се смета ако извршителот:

    1. провалил со разбивање и кршење;
    2. отворил со лажен клуч или др.средство, а при тоа е оставен траг врз основа на кој може со сигурност да се утврди провала, во смисол на кривично-правен доказ;
    3. отворил со вистински клуч или дупликат, а до нив дошол на еден од начините од предходните точки;
    4. влезе преку отвор кој не е за тоа определен, совладувајќи пречки што оневозможуваат влегување без напор;

Разбојништво - се смета одземање на осигурени предмети со примена на сила или застрашување по животот или здравјето на осигуреникот или негови припадници.

Одговорност - 1) од дејност; 2) од употреба на предмети, подвижни и неподвижни; 3) од правен или друг сооднос;

Кршење машини - грешка во материјалот, изработка и конструкција, куса врска, пренапон, ел.лак, дејство на центрифугална сила, недостаток на вода во парни котли, мраз, притисок на мраз или движење на мразот, надпритисок, подпритисок, откажување на автоматика, неспретност, невнимание, зла намера, навлегување на страно тело, заглавување

Сообраќајна незгода - удар, судар, превртување, лизгање на мот.возило, како и сите др. оштеувања предизвикани од ненадејни случаи однадвор под дејство на механичка сила, или термичко и хемиско делување однадвор, а независно од вољата на осигуреникот.
^ горе ^